Истражување докажа: Колку поскап прстен, толку пократок брак?
Свадбата е сон на секоја жена, тој совршен ден посветен само на нив, денот кога се слави љубовта и одлуката да го поминат животот заедно. Но да не се лажеме и кога маж вистински сака, сонува да ја ожени својата дама.
Идните младоженци, особено невестите не штедат кога станува збор за организирање свадба и внимаваат на секој детаљ. Зошто да не, кога е венчавка, секој што ќе стапи во брак, се надева дека е еднаш во животот.
Но, дали организацијата на свадба од соништа со прилично голема сметка е на крајот показател за брачен бродолом во иднина?
Ако го земеме предвид бројот на разводи меѓу славните и познатите, би можело да се каже. Имено, професорите по економија Ендру Франсис-Тан и Хуго М. Миалон одлучиле да го проверат ова со истражување. Тие направиле испитување со 3.000 брачни парови кои учествувале во истражувањето и барале одговори за веројатноста за развод.
Професорите откриле дека разводот кај двојки кои потрошиле повеќе пари на венчавката е поверојатен, односно ако свадбата е поскапа.
Дури и ако свршеничкиот прстен даден на жена е прилично скап, до 4.000 евра, според нив, поверојатно е да се стави крај на љубовната приказна.