ИутеКредит Македонија - еден од донаторите на новата сензорна соба за деца со посебни потреби во ООУ„Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во Скопје
Тргнувајќи од тоа дека секој ученик заслужува
најдобри можности и услови за учење, ИутеКредит Македонија го поддржа проектот
„Биди Ин, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” и беше еден од донаторите на новата сензорна соба
наменета за децата со посебни потреби во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во
Скопје.
Новата сензорна соба, која беше пуштена во употреба денес, е опремена со најсовремени средства, наставни помалага, модели и постери кои ќе придонесат за подобри услови за учење и подобра иднина на учениците со посебни потреби во ова основно училиште.
На отворањето на сензорната соба присуствуваа Јасмина Апостолоска - претставник на „IuteCredit“, Бранка Џајковска - претставник на проектот „Биди ИН“, како и претставници од општината Ѓорче Петров.
“Во IuteCredit сметаме дека образованието е најдобрата инвестиција и секој ученик заслужува да има можност и услови за квалитетно образование. Токму затоа и сме дел од оваа хумана иницијатива која овозможува и децата со посебни потреби да имаат образование какво што им е потребно и какво што заслужуваат“, вели Јасмина Апостоловска од ИутеКредит - компанија која е вклучена во голем број општествено одговорни проекти која со задоволство прифатила да го поддржи и овој проект.
Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ рече дека оваа сензорна соба претставува голема гордост за проектот поради тоа што таа ќе биде одлично место за учење и развој на учениците од ова училиште, но и поради фактот дека опремувањето на оваа соба финансиски било поддржано од општествено одговорните компании „IuteCredit“ и „ДНА Аннифарм“, како и од физички лица кои претпочитале да останат анонимни донатори, а исто така и од самото училиште.
„Ова е одличен пример дека кога работиме заедно успеваме да направиме прекрасни промени. Оваа сензорна соба се реализира како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија и би сакале уште еднаш на почетокот на учебната година да му посакаме на секое дете пристап до квалитетно образование“, додаде Џајковска.
Од општината Ѓорче Петров истакнаа дека се благодарни за донацијата од проектот и од приватните компании, особено поради фактот дека сензорната соба значајно ќе ги подобри условите за образование на децата со посебни потреби во ова училиште.
ПР објава