Ивана е фризерка која вози градежна машина: Kолегите внимаваат на неа, а таа ги остава минувачите во неверување

Добивај вести на Viber

Ивана по професија е фризерка, но, како што вели, ѝ здосадило да работи во четири ѕида, па решила да го исполни својот детски сон - да вози големи машини

Прецизна и умешна со ножици во фризерскиот салон, но подеднакво вешта и зад воланот на масивен багер додека го реконструира градскиот парк. Ивана Јовановиќ од Панчево е сопруга и мајка, но и единствената жена која вози градежна машина.

Оваа панчевка, која е единствената жена на градилиштето, предизвикува чудење, а најмногу и воодушевување додека ракува со багер.

Како што вели, ножиците ги заменила со багер бидејќи отсекогаш сакала да вози градежни машини, но не се откажува ниту од фризерската работа.

- Уморна сум од поминување на целиот ден во затворен простор, како и од женски салонски приказни. Отсекогаш сум сакала да возам камиони и багери, а имам и склоност кон градежни машини. Татко ми е занаетчија, често работеше во странство, па веројатно под негово влијание добив желба да го работам тоа. Но, не се откажав од фризерската работа, сè уште ја работам дома за моите редовни клиенти, кога ќе ми заврши работното време на градилиштето - објаснува Ивана.

Како што вели, се посветила на она што вистински го сака откако ги изнела своите деца на вистинскиот пат.

- Всушност, само што почнав, овде сум на обука. Отсекогаш сум сакала да го правам тоа, но се ожмажив, а потоа дојдоа децата и другите обврски што доаѓаат со тоа. Сега кога ги изнесов моите деца на вистинскиот пат, конечно можам да го работам она што навистина го сакам - вели Ивана.

View this post on Instagram

A post shared by (@pancevac.webredakcija)


Колегите, посочува, внимаваат на неа и не вршат тешки дејствија кога таа е присутна.

- Овде се чувствувам добро, ме чуваат. Се грижат што и како прават, не сакаат да вршат некои тешки дејствија кога сум присутна за случајно да не ме повредат. Внимаваат и што зборуваат, на што им велам да се опуштат и да бидат природни, за да можам и јас слободно да зборувам – додаде таа.

На градилиштето Ивана вози само багер и не ракува со други машини, туку им помага на колегите во сè што им треба. Таму е, како што вели, и да донесе и да понуди што треба.

Таа ги урива сите бариери и стереотипи за машките и женските работни места и докажува дека жената може да биде подеднакво успешна на две сосема различни работи.

- Ако некој може да положи за автомобил, зошто да не може и за градежни машини. Не гледам таква разлика што би претставувала проблем доколку жената не може да управува со машини - заклучи таа.

Извор: www.pancevac-online.rs