Ивана и Горан живеат во комбе од 6 метри квадратни: Во него има апсолутно сѐ, дури и туш кабина, а нивната адреса е - целиот свет
Ивана и Горан се брачна двојка од Нови Сад, патувањето им е
вистинска страст, обожаваат да запознаваат други народи, култури и градови, а
токму оваа љубов кон новите дестинации им го однела животот во сосема нов
правец.
Размислувале како да го спојат убавото и корисното - постојано да се во движење, на патувања и нови дестинации, да можат да работат од далечина, а нивните пари да не одат за плаќање сместување и аранжмани. Така, пред неколку години, двајцата дошле на идеја да купат старо комбе кое го пренамениле во подвижен станбен простор од 6 метри квадратни, кој содржи апсолутно се‘ што им треба. Така, во нивниот подвижен дом има - кревет, работна површина, бања и кујна.
И најдобро од сè, тие можат да го променат погледот од својот дом кога сакаат. Тие се будат со најубавите глетки, морето, понекогаш планините, зелените ливади во зависност од земјата во која се наоѓаат и годишното време, а најмногу од тоа кои се нивните моментални желби. Откриваат и како за малку пари се оди на Малдиви.
За кратко време станаа многу популарни на социјалните мрежи, па на Инстаграм ги следат близу 130 илјади луѓе, а како што велат, прво сите биле изненадени од нивната одлука, но брзо ја „гуглале“ и сега сите ги прашуваат за совет за најдобрата дестинација и како да се спакувате...
Во една објава тие го напишаа и следново:
„Ќе тргнеме и застануваме каде што сакаме, остануваме додека местото не‘ држи и продолжуваме според планот, надвор од планот и додека ни се отвораат патиштата. Се среќаваме со луѓе планирани, непланирани и ништо не е случајно, кој се движи тој и сретнува. Ова движење и номадизам ни одговара. Кога е топло одиме на постудени места, кога ни студи одиме таму каде што е топло и така натаму во круг. Благодарни сме затоа што го можеме тоа“.
Не одело сè без проблеми од самиот почеток
„Првата ноќ беше чудно, удобно, но повторно не сосема пријатно да се спие на паркинг. Втората ноќ најдовме одлично место во природа, но не можевме да уживаме бидејќи брзавме да го видиме мајсторот за комбето во Сараево. Третата вечер отидовме на голем видиковец над Пал кај нашиот пријател Владан. Нестрпливо го чекавме изгрејсонцето, но силен ветер ни расипа се‘, ни ја зафркна задната врата и не оддалечи од видиковецот без да уживаме. Се преселивме во градот, но пристигна луд дожд проследен со град. Првите три ноќи беа огнено крштевање, но после тоа сфативме дека секогаш може да има некоја лоша среќа, но и неверојатни глетки, чист воздух, нови предизвици. Сето тоа се нови искуства кои не‘ обликуваат, кои ни го прават животот поинтересен“, откри Горан.
Исто така, едно од најчестите поставувани прашања до ни е е како успеваат да одржуваат хигиена кога не се во некој од камповите, а двајцата тоа го решиле на многу економичен и интересен начин.
Како се одржува хигиената
„Овде ги миеме садовите, рацете и се останато. Овде се тушираме кога го креваме капакот над работната површина во кујната и ја исцртуваме завесата, а водата ја загреваме на сонце во посебна кеса“, објаснуваат тие во едно од видеата.
Тие понатаму открија дека на самиот кампер поставиле соларни панели кои им се главен извор на струја за да можат да работат, да полнат батерии на компјутери и телефони, да готват и нормално да функционираат.
Тие во своите објави често се шегуваат на своја сметка и велат дека ниту еден нормален не би живеел вака, но нивните 6 метри квадратни се простор на безгранична слобода што им овозможува незамисливи авантури и уживање во секој нов ден.
„Ако имате неостварени соништа, не очекувајте другите да ви ги остварат, но не дозволувајте ниту да ви ги уништат, работете на нивно остварување и верувајте дека ако можеме ние да го направиме тоа, можете и вие“, порачуваат двајцата.
Фото и Видео: ТикТок/Инстаграм
Извор: женаблиц