Јавна соба е домаќин на уште едно ликовно искуство на Лазар Дарковски кое ќе биде отворено за јавоста од понеделник, 7. мај со почеток од 21:00ч. Влезот за сите посетители на современата уметност е слободен.“Linescapes” е третата самостојна изложба на Лазар Дарковски, составенаод 15 дела, акрилнаплатно во формат 100 х 100 см.
Често пати Лазар при размислувања и разговори за уметноста и конкретно за своите дела го цитира Cy Twombly ко јвели: “it’s more like I’m having an experience than making a picture”, со што го потенцира значењето на самото искуство на создавање на делата и процесот на создавање. Притоа, уметничкиот објект или резултатот и не е примарен фокус, туку идентификацијата со процесот како усвојување на личниот духовен простор, алатка која уметникот го заштитува од сопствениот ум и од надворешните извори на хаос.
Изложбата е поставена од 7. до 21.мај во галеријата во Јавна соба. Информации за делата, авторот и самата изложба, https://www.facebook.com/events/1980672918915161/?active_tab=about
http://lazardark.wixsite.com/darkovski/linescapes