Извојувајте ја главната „Шопинг победа“ преку плаќање со HalkPay на Халкбанк
Халкбанк АД Скопје со секој проект
покажува дека е банка на луѓето. Од платформата Халк
Еко, која има за цел да придонесе во поттикнување здрави животни навики
и со тоа создавање поздрава околина, до
најповолни услови за кредитирање
на население и воведување нови иновативни производи, за оваа банка
навистина се важни луѓето.
Уште еден таков пример на грижа за потребите на корисниците е и мобилната апликација HalkPay која е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard, издадена од Халкбанк. Корисникот на платежната картичка може да ја преземе апликацијата од Google Play Store на мобилен уред со Android оперативен систем. Потоа, следи нејзино дигитализирање и брзо и едноставно плаќање со мобилен уред само со доближување до ПОС терминал кој поддржува бесконтактно плаќање.
Поради големото задоволство од ваков начин на брзо и едноставно плаќање, Халкбанк ги почести своите корисници со наградна игра за вистинска „Шопинг победа“. Наградната игра започна на 1 ноември минатата година и траеше до крајот на февруари, во која учесниците имаа шанса да добијат Android мобилни телефони, паметни часовници, ваучери за велосипеди и електричен велосипед. На крај на секој тековен месец, во времетраење на наградната игра, банката организираше месечни извлекувања во кои се доделуваа по 5 мобилни телефони.
Во првата половина на овој месец, односно на 10 март, следи главното извлекување во кое ќе се доделат 10 ваучери за велосипеди, 6 Garmin часовници и еден електричен велосипед. Шанса да добијат награда имаат сите корисници за секоја своја трансакција направена во период од 1 ноември до 28 февруари, без разлика дали во месечните извлекувања имаат добиено награда.
По извојување на „Шопинг победата“, HalkPay останува достапна за сите сопственици на Mastercard картички, кои својот мобилен телефон можат да го претворат во паричник и да вршат плаќања на сите ПОС терминали за бесконтактно плаќање. Предностите од секојдневна употреба на овој вид бесконтактно плаќање се многубројни и затоа време е да станеме дел од она што е светски тренд во вршење трансакции.
ПР објава