Ја имаме новата светска шампионка: Македонката Мила Србиноска триумфираше на Светското првенство во хип-хоп и стрит денес
Викендов во СЦ „Борис Трајковски“ се одржа Светското првенство во хип-хоп и стрит денес, на кој Мила помеѓу конуренција од 174 натпреварувачи успеа да побди.
Настапот на Србиноска беше фантастичен, полн со енергија, креативност и техничка прецизност, оставајќи го без здив жирито, но и публиката. Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „Уан веј“.
Во саботата, публиката можеше да го проследи официјалното отворање на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024.
Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1700 натпреварувачи, создавајќи спектакуларно шоу на движење, ритам и креативност. Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое извесе незаборавенперформанс на народни игри и ора од Македонија.