Ја изразувате својата љубов кон детето преку жртвување: Тоа е самоуништувачки, тврди психотерапевтот Миливојевиќ
Луѓето кои се
придржуваат до модел на воспитување во кој се обезбедува љубов без дисциплина,
живеат во постојан страв дека детето ќе престане да ги сака и затоа му
дозволуваат да се однесува како мал тиранин, вели психотерапевтот Зоран
Миливојевиќ
Ако една личност е подготвена да се жртвува за доброто на друга, тоа често се разбира како врвен израз на љубов. Многу современи родители ја изразуваат својата љубов кон своето дете преку жртвување. Како што некој рекол: Децата денес се единствената вредност за која луѓето би го дале својот живот. Се разбира, родителите треба да се откажат од многу во корист на своите деца, но постои јасна граница помеѓу одрекувањето и жртвата: одрекувањето е конструктивно, жртвата е самоуништувачка.
Многу родители се заробеници на „идеологијата на среќно дете“ затоа што веруваат дека нивното дете мора да има среќно детство за да прерасне во независна и ментално здрава личност. За нив, родителите се добри кога прават сè за да го израдуваат детето и да создадат средина во која ќе бидат сакани. Задоволството настанува кога нечија желба ќе се оствари, а чувството на среќа кога ќе се остварат некои од неговите најголеми желби. Покрај тоа, детето не ја разбира разликата меѓу себе како личност и неговите желби, вели психотерапевтот Зоран Миливојевиќ за „Политика“.
Потчинети на малиот господар
Сето ова доведува до тоа таквите родители да му се потчинат на детето, неговата волја и желби. Тие несебично се жртвуваат за детето во обидот да го задоволат во сè. Бидејќи тие ја сфаќаат отпорноста на детето на обиди за дисциплина како можност за траума, тие ги повлекуваат своите барања и стануваат немоќни и попустливи родители.
Луѓето кои се залагаат за овој модел на воспитување во кој е сведен на давање љубов, без дисциплина, живеат во постојан страв дека детето ќе престане да ги сака и затоа му дозволуваат да се однесува како мал тиранин. А, овие мали тирани знаат и да гребеат, удираат, гризат или фрлаат со предмет кон своите родители кога не се задоволни од нивната услуга. Веќе во првите години од животот на детето, набљудувачите на односот помеѓу детето и родителот може да го гледаат како врска помеѓу мал господар и неговиот возрасен роб.
А, кога малиот тиранин ќе порасне, тој често станува голем тиранин. Иако е пораснат, тој не сака да порасне и да преземе одговорност за себе и за сопствениот живот. Наместо тоа, тој останува во симбиоза со родителите кои ги финансираат неговите растечки побарувања.
Кога родителот се жртвува за доброто на детето, детето го гледа како жртва, односно како модел на зрелост со кој не сака да се идентификува. Од гледна точка на детето, таквиот родител изгледа како некој што работи постојано, живее живот исполнет со обврски, без доволно забава и уживање - како негативен пример. И затоа овие деца сакаат да живеат со примерот на ликовите од медиумите и филмовите. Бидејќи тоа не е можно за огромното мнозинство, тие се чувствуваат неуспешно, честопати обвинувајќи ги своите родители за нивните неуспеси. А, кој е виновен, мора да плати.
Во еден случај, возрасна ќерка ги замоли родителите да и го отстапат поголемиот, удобен стан во центарот, а тие да се преселат во далечна куќа во која нешае услови за живот. И тие се согласија.
А, кога возрасен син или ќерка ќе се венча и ќе дојдат внуци, родителот е благодарен што му е дозволено да продолжи да му служи на младото семејство, од чување деца, готвење ручек, подготовка, до финансиска помош. Во случај понекогаш да одбие, следи емотивна уцена: навреди, подучување и ставање крај на врската.
Исто како што насилниците немаат сочувство ниту емпатија кон своите поданици, ги немаат ниту овие возрасни деца. Зголемениот проблем на насилство врз стари лица од страна на нивните возрасни деца, исто така, треба да се гледа.
Подготовки за самостоен живот
Иако ова важи за родителите кои крајно ги разгалија своите деца, родителите кои претерано ги штитат своите деца сметаат дека сè е преголем ризик за нивното беспомошно дете. Нивните деца се исплашени од животот и светот надвор од родителскиот дом, па затоа тие обично остануваат пасивни, без социјални вештини, во трајна симбиоза со родителот. Нивниот најголем страв е што ќе се случи по смртта на нивните родители и дали ќе можат да ја наследат пензијата.
Фото: Printscreen/ Youtube/ Zivot Sa Aromom
Можеби ќе ве интересира:
Не можете да лудувате до 35-тата, па да очекувате принц на бел коњ: Др. Миливојевиќ сурово искрен