Не можете да лудувате до 35-тата, па да очекувате принц на бел коњ: Др. Миливојевиќ сурово искрен

Дали годините секогаш значат зрелост?

Д-р Зоран Миливојевиќ предизвика вистинска бура на социјалните мрежи поради неговиот став кон девојките кои чекаат идеален партнер за брак.

Неговата приказна за факторите кои влијаат на нормалниот раст и развој и тезата за тоа што ја прави секоја личност позрела од другата во емотивна смисла, ја објави „Инфпулт“.

- Многу возрасни лица, особено оние од помлада возраст, одбиваат да пораснат и се водат од детските фантазии за идеалната љубов што ќе им се случи кога ќе го пронајдат својот идеален партнер - вели д-р Миливојевиќ.

- Очекуваат дека само кога ќе го пронајдат својот идеален партнер ќе ја пронајдат својата среќа. Честопати таквите луѓе се наоѓаат во ќорсокак на емотивно созревање, а тоа се најчесто оние луѓе кои биле премногу заштитени како деца. Таквите лица имале пријатно детство и сите околу нив се обидувале да ги задоволат на сите можни начини.

Според д-р Миливојевиќ, идентификацијата е многу важен процес на растење каде што децата ги имитираат своите родители:

- Кај нас тоа не работи веќе 50 години, девојчињата не сакаат да личат на своите мајки затоа што обично ги гледаат како жртви. Нивните мајки имаат многу одговорности и работат многу, па заклучуваат дека нивните мајки се жртви и одлучуваат дека не сакаат да бидат такви. Таквите девојки, како што растат, претпочитаат да бидат како татковците, да гледаат телевизија, да читаат весници и да не се занимаваат со женски работи.

На тој начин, истакна д-р Миливојевиќ, тие го блокираат растењето, но истовремено и стареат:

- Нивното тело старее, а недостасува ментално и емоционално созревање. Најдобро време е жените да станат мајки и да родат дете околу 24-та година од животот, но жените честопати почнуваат да размислуваат за тоа само околу 34-та година од животот. Нивните мајки прават голема грешка и ги советуваат да „живеат“ прво, да го видат светот, па дури потоа да се омажат и да имаат деца.


Пораката што крена вистинска бура на социјалните мрежи е адресирана до девојки кои „не се оствариле“ до одредени години од животот:

- Не може да лудувате до 35-та и потоа да очекувате да се појави вистинскиот, принц на бел коњ кој ќе ве освои и со кого ќе живеете среќно засекогаш. Обично, вистинскиот не се појавува кога очекувате, времето поминува, а девојките стареат и така сами ја чекаат 40-тата.


Д-р Миливојевиќ објасни и зошто:

- Во тие години, способноста за зачнување кај жените се намалува, па затоа често се случува убавите и паметни жени да не станат мајки, иако тоа го сакаат.

Факт е, според д-р Миливојевиќ, децата денес влегуваат во пубертет многу порано, затоа гледаме девојчиња кои се шесто одделение, а изгледаат како да се осмо. Сепак, тоа не значи дека девојчињата се секогаш се позрели и дека порано созреваат отколку момчињата - сето тоа зависи од критериумите според кои се проценува зрелоста.

- Ако погледнеме жена која има четириесет години и има кариера, стан, автомобил, добри односи со семејството, според некои социјални критериуми, таа е зрела жена, но дали е тоа навистина така? Ако го погледнеме нејзиниот емотивен развој, таа сепак е девојка која чека да се појави принц кој ќе ја спаси и ќе ја прави среќна до крајот на животот. На 40-годишна возраст, таа мисли како 14-годишно девојче - заклучи д-р Миливојевиќ.

Каков е вашиот став кон девојките кои не сакаат да стапат во брак веднаш по завршувањето на средното училиште или студиите и во своите биолошки зрели години „чекаат принц на бел коњ“?

Дали „животот под стаклено ѕвоно“ за припадниците на двата пола е всушност „услуга на мечка“ што родителите ја подготвуваат за своите деца, или се однесува само на женските деца?


Можеби ќе ве интересира: