Ја киднапирале на спиење, ја злоставувале и малтретирале секојдневно: Ги молела да ја убијат близу до домот за родителите да знаат што ѝ се случило
Елизабет била киднапирана од нејзината спална соба на 5 јуни 2002 година, кога имала 14 години. Брачната двојка која ја киднапирала ја држела како сексуална робинка девет месеци, силувајќи ја и психички малтретирајќи ја секој ден. Девет месеци скриена во логор во шумата, Елизабет била изгладнувана, силувана, насилно полеана со алкохол и подложена на бизарни религиозни навреди и ритуали.
Брачниот пар Брајан Мичел и неговата сопруга Ванда Барзи ја држеле во заробеништво девет месеци, ја третирале како сексуална робинка, ја силувале и психички ја малтретирале секој ден.
Брајан Дејвид Мајкл, ја киднапирал Елизабет од домот на нејзиното семејство во Солт Лејк Сити на 5 јуни 2002 година. Тој се прикрал во нејзината спална соба додека сите спиеле и со нож во рака, ја разбудил, и се заканил дека ќе ја убие и во пижами ја влечел далеку од домот.
Пекол низ кој поминала Елизабета
Во шокантната исповед, Елизабет Смарт откри како го молела киднаперот да ја убие во близина на нејзиниот дом за нејзините родители да го најдат нејзиното тело и со сигурност да знаат дека не побегнала од домот.
-Додека ме носеа во планина, првата вечер кога ме киднапираа, прашав дали ако ме силуваат и убијат, тоа може да биде во близина на мојата куќа, бидејќи ми беше важно родителите да го најдат моето тело и да знаат дека не побегнав - рекла таа.
За среќа, киднаперот и самопрогласениот пророк Брајан Дејвид Мичел не ја убил, но тој и неговата сопруга Ванда Барзи ја зеле Елизабет и ја врзале со синџири во импровизиран логор. Потоа заминале во Лејксајд, Калифорнија. Елизабет поминала девет месеци, од јуни 2002 година до март 2003 година, во заробеништво, а Мичел направил „свадбена“ церемонија и повеќе пати ја силувал.
Ја изгубила надежта дека некој ќе ја најде
Елизабет била пронајдена на петнаесетгодишна возраст откако сведоци во Сенди, Јута, повикале полиција. Едната жена го препознала девојчето, а другата го препознала киднаперот. Елизабет рекла дека тие девет месеци ги поминала сакајќи некој да ја најде, но дека имало моменти кога губела надеж дека некогаш ќе се врати дома.
- Моите родители секогаш велеа дека најлошо ќе биде ако исчезнам и нема да знаат дали сум жива или мртва - рекла Елизабет.
Таа се сеќава на моментот кога се движела по улицата, а неколку полициски автомобили застанале, со полицајци кои излегле и почнале да поставуваат прашања.
Прво не реагирав и реков: „Да, јас сум Елизабет Смарт, ве молам спасете ме“. Низ годините, многу луѓе ме прашуваа зошто веднаш не викав и не врескав или не признав која сум затоа што девет месеци немаше кој да ме заштити од киднаперите. Девет месеци тој ме силуваше, ме врзуваше со синџири, ми правеше што сакаше и никогаш немаше кој да ме заштити. Не ги познавав тие полицајци. Не знаев на што се способни. Не знаев дали можат да ме заштитат. Но, знаев дека мојот киднапер е многу блиску, веднаш до мене. Физички ме допираше. А знаев дека се способни да ме убијат. Секој ден ми се закануваа со тоа. Целта ми беше да преживеам, знаев дека ако го направам тоа што ми го кажаа, ќе имам шанса да преживеам - нагласи Елизабет.
Дури кога физички ја разделиле од киднаперот, таа во полиција признала која е.
Таа денес е 35-годишна мајка на три деца, а своето шокантно животно искуство го сподели во книгата „Мојата приказна“. Снимен е и филм за борбата на нејзините родители да ја пронајдат, како и за сето она низ кое таа поминала, но тоа не е ниту половина од приказната. Користејќи ја приказната во прво лице, филмот ѝ дава можност на Елизабет да ја раскаже својата приказна онака како што навистина се случила, навлегувајќи подлабоко во нејзините трауми, расчистувајќи ги заблудите за нејзиното заробеништво и како и зошто била спасена.
Таа ги сподели своите болни искуства во интервју со Џејд Пинкет Смит и нејзината мајка Адриен Бенфилд Норис во емисијата „Red Table Talk“.Ѝ нуделе плишани играчки, а таа го преживеала силувањето
Елизабет сподели зошто одбила терапија по трауматично искуство веднаш по спасувањето. Дента откако била вратена дома, била однесена во детски центар каде имало двајца психијатри. Нејзе ѝ било кажано да биде отворена за тоа што се случило, па таа претпоставила дека се таму за да ѝ помогнат.
-Тоа беа двајца мажи, средовечни. Постари. На пат кон собата го отворија плакарот и ми рекоа да го изберам плишаното животно што го сакам. Се сеќавам дека се чувствував снисходливо затоа што имав 15 години и штотуку поминав девет месеци без моите плишени играчки. Прилично сум сигурна дека можам да го преживеам она што следи – рекла таа.
Елизабет вели дека „веднаш се затворила“ пред нив затоа што биле на иста возраст како нејзините киднапери.
- Прашаа што се случило, јас реков дека ме повредиле. Прашаа како, реков дека ме малтретирале. Како те малтретираа? Па, ме силуваа. Дали знаете што е силување? Да, тој насилно влезе во мене. Ме замолија да укажам на точните делови од телото, па на крајот морав да кажам: „Тој неколку пати физички на сила го внесуваше својот пенис во мојата вагина“. Тоа беше ужасно. Кога се заврши, само знаев дека никогаш повеќе не сакам да зборувам за тоа со никого – рекла таа.
Подоцна ѝ објасниле дека психијатрите биле таму за да го земат нејзиното сведочење за да застанат во нејзино име на суд, но таа не го знаела тоа и претпоставувала дека така изгледа терапијата.
Ако тоа е терапија, не ја сакам. Одбив терапија, што ги испаничи моите родители, па отидоа да се видат со терапевтот - вели Елизабет. Терапевтката им објаснила на родителите дека тоа е во ред, но дека треба да бидат подготвени бидејќи на крајот тие ќе бидат нејзини најголеми терапевти. Во ретроспектива, со подобро разбирање на терапијата, Елизабет сфаќа дека тогаш можела да ја искористи - но тогаш не сакала „да се врати на секој мрачен момент“.
Киднаперката е ослободена и живеат во истиот град
Денеска Елизабет е мајка на три деца кои ги добила со сопругот Метју Гилмор.
- Еден од моите киднапери требаше да биде сослушан за условно ослободување, јас требаше да одам во затвор да дадам изјава како жртва. Мојата најстара ќерка не сакаше да одам и ми поставуваше прашања. Разговарав со неа, но не детално. „Кога мама беше помлада, еден маж упадна во нејзината куќа и ја повреди. Сега тој и неговата сопруга се во затвор, а јас одам таму да се погрижам да останат таму“, искрено вели таа.
Елизабет вели дека е „презаштитничка“ мајка, но дека нејзиниот сопруг „ја спушта на земја.“ Иако Мичел отслужува доживотна затворска казна, неговата сопруга е осудена на само 15 години затвор. Таа беше ослободена во септември 2018 година и сега живее во истиот град како и Елизабет, и покрај нејзините молби до властите да не ја ослободат. Елизабет признава дека е разочарана од тоа, но дека барем добила малку правда, додека многумина не добиваат ни толку.
ФОТО: Инстаграм принтскрин