Jа обожававме во улогата на Росалинда: Денес има 49 години и изгледа подобро од било кога

Ја обожававме како Росалинда, во деведесеттите години беше една од најомилените актерки во сапуниците.

Аријадна Талија Соди Миранда или едноставно Талија (49) е една од најголемите латиноамерикански sвезди. Таа се здоби со голема популарност глумејќи во теленовели кои ги гледаше целиот Балкан во 90-тите години од минатиот век, а музиката ја доведе до најголем успех.

На неодамнешна забава организирана во пресрет на Греми наградите, Талија беше една од најзабележаните гости, а кога ќе ја видите ќе ви биде јасно зошто.

На прв поглед, јасно е дека таа не штедела на естетски корекции, бидејќи изгледа помладо отколку што ја паметиме.

 
Талија изгледа совршено во петтата деценија од својот живот, и со секое појавување во јавноста привлекува големо внимание.

Славната актерка честопати се појавува во јавноста со сопругот Томи Мотол, поранешен сопственик на продуцентската куќа „Сони“, со кого е во брак од 2000 година и има две деца, ќерката Сабина и синот Метју.

Влијателниот и многу богат Мотол е 23 години постар од Талија, а пред бракот со неа, тој беше оженет со големата sвезда, Мараја Кери. Тој се ожени со Мараја во 1993 година и бракот беше неславно раскинат во 1998 година.

Играјќи ја Росалинда, Талија стана омилена актерка на многумина не само во родното Мексико, туку и низ цела Европа и светот.

извор:GLOSSY
фото:PROFIMEDIA