Ја паметиме по улогата на Махидевран од серијата „Сулејман Величествениот“: Еве како изгледа турската актерка денес, поубава од било кога

Добивај вести на Viber

Нур Фетахоглу многумина на Балканот ја паметат по улогата на омразената султанка Махидевран во серијата „Сулејман Величествениот“, а денес актерката изгледа малку поинаку само во бојата на нејзината коса. Сега таа е рускоса.

43-годишната турско-германска актерка се појави во бројни улоги во филмови и телевизиски серии, но улогата на султанката Махидевран ја одбележа нејзината кариера ако се земе предвид популарноста на серијата „Сулејман Величествениот“.

Серијата почна да се емитува во 2011 година, а судејќи по фотографиите кои секојдневно ги споделува на Инстаграм, таа не се променила многу - различна е само бојата на косата. За разлика од темно кафените нијанси, Нур веќе некое време е русокоса.

„Една вечер се вратив дома преморена од снимањето на „Страста на Ориентот“ кога ми заѕвони телефонот. Иако воопшто не ми се зборуваше, се јавив и добив понуда да ја играм Махидевран. Бев многу возбудена поради тоа и цела ноќ ја поминав на компјутер, пребарувајќи на Интернет, за да дознаам нешто повеќе за првата сопруга на султанот, за која дотогаш не знаев апсолутно ништо. Следниот ден, шминкерите на сетот се потрудија да ги сокријат моите темни кругови“, изјави во едно интервју Нур за улогата.

Актерката е родена 1980 година во Дуизбург, а нејзиното семејство потекнува од Албанија. Нејзината мајка е од Крит, татко и од Косово, па мигрирале во северноисточниот турски град - Риза каде во моментов живее нејзиното семејство.

Се школувала на Универзитетот Халич и дипломирала моден дизајн. Извесно време работела и како телевизиски презентер на финансиски вести на каналот Скај Турк.

Покрај улогата на Махидевран во „Сулејман Величествениот“, таа одигра и значајни улоги во сериите: „Забранета љубов“, „Филинта“, „Диви“.

Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs