Ја планираа својата свадба во Италија: Сега се борат против коронавирусот на фронтот – заедно

Добивај вести на Viber

Роберто Тонели бил окупиран со планирање на неговата септемвриска свадба, кога пандемијата на коронавирусот го погоди неговиот град Модена, во Северна Италија. Брзо потоа, тој и неговата вереница, Ивана Кастаниер, разговарале за вентилација наместо цветните аранжмани.

„Се запознавме во болницата“, вели Тонели (31) за TIME.
„Таа беше мојот шеф!“ 

Деновиве тие работат како пулмолози во истата болница рамо до рамо, 6 дена во неделата, најмалку 14 часа на ден.

Со текот на неделите, лекарите и медицинските сестри се повеќе го носат товарот на борбата на земјата против ширењето на вирусот. Во Италија се заразени над 4.000 лекари и медицински сестри, што претставува скоро 8% од случаите во Италија, според италијанскиот Национален институт за здравство. Во многу случаи, оние на првите редови се љубовни двојки.
„Најлошиот дел од ова е што не сакате човркот што го сакате да го гледа она што го гледате вие“, вели тој. „Но, барем нејзиното лице е првото нешто што го гледам кога ќе ja отстранам својата лична заштитна опрема“.

Во малите градови низ Италија, не се само лекарите поврзани. честопати, пациентите кои доаѓаат се од исто семејство.

„Нашите први пациенти во Модена беа двајца браќа“, вели Ивана. Неодамна хоспитализирале 13-годишно девојче, неколку дена подоцна, бил хоспитализиран и нејзиниот татко.

Тонели и неговата вереница имаат 2-годишна ќерка која моментално престојува кај нејзините баба и дедо. Роберто и Ивана не ја виделе повеќе од еден месец.
„Се надевам дека кога ќе порасне, ќе нè смета за нејзини херои“, вели Кастаниер. „Се надевам дека ќе разбере“.

Видео изјава на парот, за TIME: