Ја трансформираше кујната за само 24 часа: Вложи 250 евра и ја зголеми вредноста на нивниот дом за еден милион денари (ФОТО)
Карли Фаулер (32) од Кент ја трансформираше својата кујна за помалку од 200 фунти (околу 14 000 денари) користејќи боја и ја зголеми вредноста на нејзиниот дом.
Карли долго време сакаше да ја трансформира својата стара кујна, но не сакаше да потроши многу пари. Таа реши да ги преземе работите во свои раце и да ја преуреди старата кафеава кујна во бела, за да ѝ одговара со остатокот од домот, притоа заштедувајќи многу пари.
Таа и сопругот Пол живеат во Вест Молинг, Кент.
- Кога сопругот Пол и јас се преселивме во нашиот дом во мај 2017 година, декорацијата воопшто не беше во наш стил. Во текот на изминатите неколку години, ние бојадисовме сè во бело. Сите мислат дека сум луда бидејќи сè правам сама и покрај тоа што имам близнаци, но ништо не ме спречува.
Го искористивме карантинот за да ја трансформираме нашата кујна. Стариот изглед воопшто не ни се допаѓаше па затоа бојадисовме сè бело - изјави Карли за Мирор.
Околу 100 фунти (околу 7.000 денари) потрошиле на бела боја, а другите 100 фунти на основни предмети како што се ваљаци, траки и слично.
- Пол и јас моравме да испланираме сè убаво, па затоа бојадисавме сè, додека девојчињата спиеа. Започнавме во 8 часот наутро и завршивме до 8 часот утредента. Отстранивме сè од шкафовите, ги отштрафивме, а потоа темелно ги исчистивме сите ормани за да ги отстраниме маснотиите или нечистотијата. Откако ги подготвивме површините, нанесовме еден слој бела боја на сите ормани. Оставивме да се исуши преку ноќ и потоа го нанесевме горниот слој утрото. Новата кујна би нè чинела околу 8.000 до 10.000 фунти, така да ова вредеше - вели таа.
За разлика од февруари 2020 година, со старата кујна, сега кога ја уредија кујната, нивната куќа се проценува дека вреди за еден милион повеќе.
извор:24sata.hrИвана го реновираше купатилото за помалку од 100 евра: Сè изгледа како ново
За 1.350 денари ја реновираше кујната: Силвија објасни сè - ви треба само една работа, а резултатот е неверојатен
Стар автобус претвориле во куќа од соништата: Сега сите им завидуваат на домот
Терасата како стилски симбол на слобода: Со малку труд претворете ја во вистинска оаза за уживање (ФОТО)