„Ја врзал со сопствените чорапи и ја злоставувал, а лицето ѝ го осакатил“ : За случајот со убиството на убавата Плејбој зајачица и денеска се зборува, а од новите детали ќе ве полазат морници
ФОТО: Twitter
Плејбој зајачицата Ив Статфорд мислеше дека позирајќи за насловната страница на најпознатото списание за возрасни ќе ја започне својата гламурозна манекенска кариера, но не се одвиваше сè според планот. Наместо тоа, амбициозната 21-годишна девојка, која беше пронајдена искасапена во нејзиниот стан во источен Лондон во март 1975 година - можеби едноставно го привлече вниманието на нејзиниот убиец со позирање. Овој ладен случај повторно се загреа и беа откриени нови детали.
Ив, чија работа како келнерка во клубот „Плејбој“ во центарот на Лондон ја натера да се дружи со познати личности, меѓу кои и комичарот Ерик Моркамб, актерот Сид Џејмс и боксерот Џон Конте, беше пронајдена со врзани раце зад грб и нејзиното грло толку жестоко исечено што главата речиси ѝ беше отсечена. Бруталното убиство ја шокираше сцената на ноќниот живот во Лондон и, речиси половина век подоцна, останува нерешено.
Она што е познато е дека нејзиниот убиец повторно убил, барем уште еднаш. ДНК на убиецот е поврзана со силувањето и убиството на 16-годишната ученичка Лин Видон во Хаунслоу, западен Лондон, шест месеци подоцна.
Eve Stratford, late bunny pic.twitter.com/NJ0VY2o55e
— lola lolic (@gimmemoregossip) May 27, 2022
Се чини дека станува збор за сериски убиец
Се верува дека истиот човек ја убил и бремената мајка Линда Фароу (29), четири години подоцна во јануари 1979-та година. Нерешените злосторства ќе бидат тема на новиот документарен филм на ITV, „The Playboy Murders“, објавен оваа недела. Инспекторот Колин Сатон, кој ги истражуваше убиствата како ладни случаи во 2002-ра година, сними и свој документарен филм, „West End Girl“, кој ќе се емитува подоцна оваа година. Тој за „The Sun“ откри дека направил огромен напредок во случајот.
- Всушност, најдовме нов сведок, по речиси 50 години, кој минувал кога Лин Видон беше убиена. Тогаш не се јавила бидејќи родителите ѝ рекле да не го прави тоа. Но, со разговор со неа, како и со преиспитување на доказите, успеавме да воспоставиме врски со потенцијален осомничен.
Ева Стратфорд го напуштила својот дом во Ворингтон, Чешир, на 19 години за да се пресели во Лондон и да стане келнерка во Плејбој клубот во 1973-та година. Таа беше очајна да стане модел и кога не успеа да се појави во американскиот магазин на „Плејбој“, се сврте кон неговиот британски ривал, списанието „Мејфер“.
„Таа позираше топлес на насловната страница“
Прогласена за Мис март 1975 година - под името Ева Вон Борке - таа позираше топлес на насловната страница под наслов „најкласичната русокоса што некогаш сме ја откриле“.
Фотосесијата на девет страници вклучуваше голема гола слика на две страници и интервју во кое откри дека сака со неа да доминираат во кревет, но не сака да биде „камшикувана или врзана“.
Шефот на клубот Плејбој, Виктор Обри Лоунс Трети, бил бесен што му позирал на ривалот и ја суспендирал од работа на три месеци. Поранешната „Мајка на зајачиња“ Ерин Морис, која ѝ ја додели работата, рече:
- Не беше вознемирена, сфати што направи и зошто тоа мора да се случи. Таа ми рече дека го направила тоа затоа што сакала да се занимава со моделирање. Ѝ кажав дека може да се врати на работа кога ќе заврши суспензијата. Сепак, таа очекуваше дека тоа ќе биде нејзиниот следен чекор по скалилата на успехот, па нема да мора да се враќа назад. Таа не сакаше само да послужува гости, туку сакаше да направи нешто со својот живот.
Ева продолжи да се обидува да обезбеди работа како модел во квалитетно јужноафриканско списание, а исто така беше модел и за насловната страница на книга за криминална фантастика, каде што беше прикажана како изгледа преплашено кога ножот ѝ дојде до грлото.
Renewed appeal + £40,000 reward re 1975 murder of Eve Stratford, 21, in her Leyton (London) home
— (@flamencobug) December 12, 2015
Info 020 8785 8099 pic.twitter.com/aRdJ9adIaY
Соседот слушнал силен тресок од станот на Плејбој зајачицата
На 17-ти март 1975 -тагодина, само две недели откако нејзиното издание на списанието Мејфер излезе на полиците, таа имаше состанок со нејзиниот агент пред да пристигне во нејзиниот стан во Лејтон, источен Лондон, кој го сподели со нејзиното момче музичар Тони Прист, малку потоа. Соседот од долниот кат слушнал како Ева разговара со маж и во 17.15 часот слушнал удар, опишан како превртување на стол, проследено со чекори кои се спуштале по скалите.
Кога Тони и неговиот пријател пристигнале во станот десет минути подоцна, ги дочекала страшна сцена. Манекенката, облечена во светло неглиже, била врзана со сопствени чорапи и силувана. Нејзиното лице беше изобличено, а грлото ѝ било исечено 12 пати во злобниот напад. До нејзиното тело лежел букет цвеќе испрскан со крв што го купила тоа попладне.
Полицијата, која ја опиша сцената како една од најлошите што некогаш ги видела, верува дека снимањето на Ева на насловната страница на Мејфер и интервјуто во кое таа рече дека „живеела сама со својата мачка“ можеле да доведат до тоа убиецот да ја смета за мета.
Нејзиното момче Тони, уредникот на списанието Мејфер, Дејвид Бренер и редовниот клуб Плејбој и либанскиот бизнисмен Абдул Хаваи беа меѓу оние што ги испраша полицијата.
Daily Mirror - 27 Sept 1975: Playland / Eve Stratford pic.twitter.com/CFaleQ1lHo
— (@craftymuvva) November 1, 2020
По Ив, следната жртва беше слатко 16-годишно девојче
Шест месеци по смртта на Ева, на 3-ти септември 1975-та година, ученичката Лин Видон се враќала од ноќно излегување во Хаунслоу, славејќи ги полагањето на тестовите. 16-годишното девојче решило да тргне по кратенка дома, по темна уличка. Но, пред силувањето била удирана со тежок предмет по главата, кој ѝ го скршил черепот. Напаѓачот потоа ја подигнал преку ѕидот и ја фрлил околу трафостаницата, каде следното утро ја пронашол чувар. Таа беше однесена во болницата Западен Мидлсекс, но никогаш не се освести, а една недела подоцна умре.
Забележан е човек како бега од местото на настанот, но оружјето никогаш не е пронајдено. Убиствата беа поврзани дури 30 години подоцна, во 2004-та година, кога ДНК доказите докажаа дека двете девојки биле убиени од ист маж. Исто така, се верува дека убиецот повторно убил, а жртвата овој пат била бремена, а сите детали можете да ги дознаете во новиот документарен серијал „The Playboy Murders“.
Извор: zena.blic.rs