Ја зголемуваме екипата за уште една љубов: Водителката Зорка ќе стане мајка повторно

Добивај вести на Viber

Познатата радио водителка Зорица позната како Зорка Тик Так, ќе се оствари во улогата на мајка уште еднаш.

„4 месеци љубов! 
Ја зголемуваме екипата за уште една љубов.
Батковциве нестрпливи да дојде Јули.
Можете ли да погодите што очекуваме? “ - ова е објавата која со следбениците и пријателите на социјалните мрежи ја сподели водителката во која меѓу другото станува јасно дека е во 4-тиот месец од бременоста.



- За Зорка, ретко дека нешто не е кажано или видено досега (се смее). Мајка сум на 3 ипол годишно синче, маќеа на 11 годишен лепотан и среќна сопруга. Кога не сум на радио, сум на инстаграм под името @miss.mama.mk (се‘ уште немам објаснување за името, и не, не е поврзано со мис на свет). Дружам, вежбам, движам, мнооооогу сакам да читам книги, гласно се смејам но и плачам на филмови. Танцувам кога не гледа никој и сакам кога сум причината за насмевка на моите најблиски - раскажа водителката во интервју за Женски Магазин во една прилика.


FOTO: Instagram