Јаде седум пати на ден, а е многу згодна

Добивај вести на Viber

Камила Акергерг(27) е модел и личен тренер со многу необични правила во исхраната. Секое утро во 5:30 оваа девојка пие „магична напивка”, јаде седум пати на ден и кардио вежби прави минимално.

Нејзината препорака за совршено тонирано тело е подигнување тегови и моќни тренинзи. Кога станува збор за исхрана, смета дека треба да јадете здраво и да не исфрлате одредена група на храна од менито.

„Ако сакате да изгубите телесна тежина и да имате тонирано тело, не треба да правите интензивни кардио вежби пет пати неделно. Всушност, доколку немате добар обем на мускулите, со овие вежби ќе добиете слаб, а не тониран изглед“-  вели Камила.

Додава дека е важно исхраната да е избалансирана и нутритивно разновидна.