Јаневски и Додевска: За 400 денари месечно „B-Up“ нуди неограничен простор за бекап на документи
Во услови на дигитализација и комплетно електронско чување на документите, за компаниите е важно да имаат каква било варијанта на чување на податоците или бекап. Димитар Јаневски, генерален директор а B-Up во разговор за Фактор вели дека во земјава компаниите сепак бавно разбираат дека ако немаат функционален бекап едноставно не осигуруваат безбеден континуитет на податоците. B-Up е понова компанија, дел од компанијата Inbox. Неговата колешка Драгица Додевска која е маркетинг менаџер во фирмата вели дека станува збор за ултра безбеден софтвер, а безбедните копии се чуваат на EUcloud локации. Во разговорот и двајцата откриваат детали кои се значајни за македонските компании и нивната работа. Ги прашав прво зошто е потребно компаниите да имаат бекап на податоците.
Димитар Јаневски: Искуството нѐ учи дека поголеми се шансите за успех и надминување на критичните ситуации, доколку имаме резервен план.
Kога се работи за дигиталниот свет, резервниот план е бекапот, кој е суштински и составен дел од животниот век на еден дигитален податок/документ. Доколку нема функционален бекап, едноставно неможете да кажете дека е обезбеден континуитет на постоење на податокот. Тој виртуелен податок може да престане да постои!
Дигиталната трансформација, е организациона промена која употребува дигитални технологии и бизнис модели со цел зголемена ефикасност. За компаниите таа е неминовна и истата секојдневно продуцира дигитални податоци кои имаат се поголемо значење каде бекапот е суштински.
Целиот текст прочитајте го на ФАКТОР.МК