„Јас имам 51, а сопругот 76 години: Ми се гади од тоа колку е стар, па вака сурово го казнив, ех да знаеше се‘“
Ви ја пренесуваме исповедта на жена која го изневерила
својот сопруг затоа што бил премногу стар:
„Висок, темен тен и згоден, овој тип од соништата е мој само за ноќ. Се губам барајќи ја неговата совршена фигура додека кашлицата не ме врати во реалноста.
Пред мене не стои 40-годишен дечко. Ова е мојот 76-годишен сопруг кој скапува во својата извалкана фотелја, собира трошки од бисквити од неговите разнишани протези“, вака ја започна својата исповед една жена која има 51 година и е мажена за постар маж и веќе имала две афери.
Таа вели дека нејзиниот сопруг некогаш бил љубовта на нејзиниот живот, а сега се чувствувала заробена.
„Сега се храни со мојата енергија и ми ја цица душата. Што се случи со мојот дотеран господин, а кој е овој груб старец што го зазеде неговото место?“, прашува таа.
Вели дека моментално е на врвот од својот живот, сите во моментов се свртуваат кон неа, а сопругот повеќе не ја привлекува.
„Привлечноста ја нема, заедно со неговиот младешки добар изглед. И онака никогаш не се обидува да ме допре. Немаме секс осум години и, да бидам искрена, не сакам ни да се обидам да имам секс со маж ми, од кој, искрено, ми се гади“, призна таа.
„Исто така, перименопаузата ме остави сува како слива и немав апсолутно никаков сексуален нагон“, додаде таа.
Вели дека се‘ повеќе и повеќе се оддалечувале додека таа не можела повеќе ни да го погледне.
„Пред девет месеци почнав со терапија со ХРТ за да се справам со мозочната магла, топли бранови и ужасните промени во расположението. Она што не го сфатив е дека мојот сексуален нагон ќе се врати“, рекла педесет и едногодишната жена.
Се‘ што сакала е да запознае згоден маж кој ќе знае како да ја задоволи.
„Ниту едно зголемено либидо нема да ме врати во креветот на мојот сопруг. Во секој случај, веројатно би му донела срцев удар ако се обиде“, рече таа.
Потоа имала афера со помлад маж.
„Во март запознав висок со темна кожа, згоден маж на „Illicit Encounters“, страница за запознавање – и имав фантастичен дневен секс со него во хотелска соба еднаш неделно во период од четири месеци“, рече таа.
Сепак, тој беше оженет, па аферата брзо заврши. Таа вели дека кога го запознала сопругот многу ја привлекол.
„Порано мислев на нас како Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс“, рече таа.
Тој бил многу позрел од детските момци со кои се забавувала претходно. Се венчале, добиле син, но таму умрела магијата.
„Додека Кетрин и Мајкл го издржаа тестот на времето, нашата љубов се распадна како забите на мојот сопруг“, се пожали жената.
„Гледајќи наназад, мислам дека никогаш немавме ништо заедничко. Сите тие фантастични искуства со неговите пари не‘ одржуваа заедно. Бев млада, наивна, глупава“, истакна таа.
„Никогаш не ме прашува како се чувствувам или дали сум имала добар ден. Сè се врти наоколу и одеднаш си медицинска сестра со полно работно време“, рекла таа.
На прашањето зошто се согласила да остане во брак со сопругот, жената одговорила дека тоа е „поради синот“, но и дека ќе продолжи со своите афери.
Фото: фреепик
Извор: стил