„Јас секоја твоја пцовка ја бројам, засрами се“: На кого Антонија Гиговска ја посвети најновата песна
По кратката пауза на музичката сцена, Антнија Гиговска го објави новиот спот за песната „Брига ме“. Откако стапи во брак и неодамна се оствари како мајка, Антонија се врати на музичката сцена во сосемапоинаков стил.
-Јас секоја твоја пцовка ја бројам, засрами се, засрами се и црно баш убаво ми стои зашто те жалам, те жалам“- вака би гласел преводот на дел од стиховите, а што сакаше Антониа со ова да порача и на кого останува енигма.
Песната е на српски јазик, а музиката и аранжманот за истата ја направи познатиот Дарко Димитров, додека текстот е дело на Виолета Михајловска Милиќ.
Исто така, „прашина“ крена и видеото за песната направено под диригентската палка на Томислав Живковиќ, во кој Антониа можеме да ја видиме во неколку различни и смели изданија.
Ова е само почеток од она што допрва следува од Антониа и нејзиниот тим, а со оваа песна таа се врати и на живите настапи по пауза од неколку месеци...