„Јас сум единствена жена која по развод му остава стан на сопругот “: Неда Украден откри детали за нејзиниот приватен живот
Неда Украден проговори за разводот со поранешниот сопруг, а водителката Јована Јеремиќ почна да плаче...
Водителката Јована Јеремиќ во Утринската програма и беше домаќин на пејачката Неда Украден, која како никогаш досега зборувала за својот приватен живот, но и за разводот со Милан Билбија.
Пејачката во утринската програма проговори за почетокот на кариерата, кога на 16 години се пријавила на аудиција на Радио Сараево откако ја наговориле нејзините другари од средното училиште, но и за пропаднатиот бракот со познатиот режисер.
„Мојата кариера ги надмина очекувањата и тој не можеше да го надмине тоа. Туѓи изгледи, додворувања, но и заработка. За една Нова година добив хонорар што е како неговата полугодишна плата. Тешко е за некој свој кој треба да ти биде соработник да треба да му се извинуваш. Или „зошто остана на снимање до 3 наутро. Каде беше?“. Кога ќе ја слушнете таа реченица - бегајте од врската или бракот“, изјавила Неда во утринската програма на Тв Пинк и открила дека после сето тоа следел развод.
„Се разведовме за да не создадеме грда слика, тоа еродирање на личноста и достоинството е нешто што не можам да го поднесам. Ако мислиш дека сум ваква, таква, најди подобара, имаш широко поле. Не ми требаше ништо, го напуштив дури и станот, кој ми го додели судот како и детето. Не ми беше грижа за тие квадрати... сакам да кажам, и покрај се, секој развод е грд, но достоинството треба да се задржи. Јас сум единствената жена што му оставила стан на сопругот по развод. Судот ми го додели детето. Од секој настап, штедев и вложував. Секој развод е грд, имаше страшни зборови, но треба да се задржи достоинството заради детето. Засекогаш останавме пријатели, никогаш не би рекла лоши работи за него иако ги знам негови маани. Тој беше многу добар човек, интелектуалец во светот каде на сила беше примитивизмот. Кога повторно се преженил, доживеал траума, несреќа, 40 дена бил во кома. Му помогнав со сите средства, сакав ќерка ми да има татко кој многу го сака“, изјави Неда, по што Јована Јеремиќ почна да плаче и рече:
„Потполно бе разбирам“.
Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs