Јелена Јованова Перичиќ роди второ дете: И оваа бременост актерката успешно ја сокри од јавноста
Актерката Јелена Јованова Перичиќ се породила со второ дете.
Убавите вести за новата рожба на актерката ја сподели нејзиниот брат Гоце на Фејсбук.
И оваа бременост како и првата, Јелена ја криеше вешто од јавноста и за бебенцето публиката дозна од социјалните мрежи.
„Нека ни е живо и здраво. Станав вујко по втор пат. Честито Јелена Јованова“, напиша братот на актерката кој очигледно не можел да ја сокрие радоста.
Бато Јаков дали добил братче или сестричка гордиот вујко не открива, но честитките под објавата за новороденото бебенце не престанаа да се нижат.
За оваа убава вест конечно се огласи и актерката која е најпрепознатлива по нејзината улога како Јелена од Драчево во хумористичната серија „Преспав“. Новопечената мама пресподели стори на Иснтаграм и откри дека повторно родила синче.
Р.Ж.М.