Јелена Томашевиќ ечеше во Струмица со „Судбо моја“: Нашиот стилист повторно ја направи преубава

Добивај вести на Viber

По честа која ја имаше во Абу Даби во ноември минатата година, каде ја среди за настапот на концертот на најпознатиот светски тенор Андреа Бочели, македонскиот стилист за коса и шминкер Марјан Петров, повторно ја стокми Јелена Томашевиќ овој пат за настапот во Струмица.

Вчера, познатата српска пејачка настапуваше во струмички ресторан по повод 8 ми март каде ги забавуваше присутните, а во еден миг ја испеала и песната „Судбо моја“.

Томашевиќ која е позната по прекрасниот глас, ги наежи присутните со изведбата и никој не остави рамнодушен.



А, Марјан, откако ја изненадил со букет цвеќе за празникот, повторно ја направи преубава. 

 За настапот во Струмица, Јелена Томешевиќ беше облечена во црн краток фустан и чевли во иста боја. Косата ја остави пуштена во брановидна форма.

Шминката карактеристична и нежна во нејзин стил.


Инаку шминкерот и стилист за коса Марјан Петров од Струмица има соработувано со многу домашни и балкански естрадни уметници.


ФОТО: Инстаграм printscreen