„Јоана, ти благодарам на привилегијата да сум твоја Мајка 14 години, патувај слободно кон светлината

Добивај вести на Viber

Верица Огњанова има 34 години, и е од Неготино, како што ни раскажа од едно прекрасно место на природата и најубавото грозје Долни Дисан. 

По професија е медицинска сестра и практичар и ментор по бројни холистички пракси и техники кои допринесуваат за една целокупна благосостојба на едно човечко битие. 

По животна професија, пак е мајка на нејзината хероина и животен гуру, Јоана, 14 години која има Даунов синдром . 

„Ние посебните родители сме една посебна психологија која постојано трага и бара некое решение кое би му го олеснило и продуцирало квалитетот на животот на нашите деца. 

Многу често заборавајќи во таа игра дека од празна чаша не можеш никому вода да го послужиш... рече неодамна во интервју за нашиот магазин

Едвај останав жива по третирање со антибиотици за пневомонија, па животот ме донесе до реконетивното исцелување: Верица Огњанова за Женски магазин (zenskimagazin.mk)

Но, животот имал други планови. Јоана си замина од овој свет. Едно прекрасно детенце сега е кај ангелите.

Еве што напиша незината мајка:

И кога дојде на овој свет и кога си замина од овој земен свет медицината те оценуваше или именуваше како "нецелосна "....хм знаете Даунов синдром....

Бесна на плиткоста на класичната медицина но и исто толку благодарна што јас како медицинар никогаш не им поверував....бидејќи знаев дека нивната свест е само на физичкото,видливото односно на опаковката ....а ние сме многу повеќе од обична опаковка со таму едно физичко тело.

Ти беше мојот светилник....сега дојде огромна бура и светилникот го нема ...

Две недели се составувам и го барам физички светилникот ама него го нема.

Но дали навистина го нема?

Или можеби само го променил обликот. За нашиот три де ум тоа е премногу далечно и апстрактно .

И јас сум човек и еве 2 недели ми требаа да си признаам и кажам дека тебе физички те нема ....но и две недели на секој возможен начин ми покажуваш и докажуваш дека си тука....само си го променила обликот....телото не е ама душата е вечна .

Ти Јоана беше мајсторица за отварање на срце ....како што ја опишува мојот ментор...и апсолутно како нејзин скромен 14 годишен сопатник ...тоа беше така .

Јас од тебе најмногу добив ....но и со твоето физичко заминување најмногу изгубив.....

затоа сите вие кои на било кој начин сте ја познавале Јоана заблагодарете се на можноста да запознаете вистински ангел и светлосен мајстор на земјата ....ако неверувате погледнете ја сликата 2 пати....само погледнете ја блескавата светлост околу Јоана.

Заблагодарете се на сè колку ви дала Јоана....безразлика дали тоа било виртуелно или физички.

Изгубивме сите многу...но да се фокусираме на честа што ја имавме да сме блиску или запознаеме едно возвишено човечко битие кое класичната медицина често го генерализираше како нецелосно ....а таа беше поцелосна од сите нас заедно.

Ве молам поштедете ме од телефонски повици ,пораки ,коментари....како ....

зошто и т.н.

Вие сте многу јас сум една ...а секое одново објаснување е како ново доживување на загубата ....затоа повеќе не се јавувам или објаснувам.

Малку да се фокусираме на тоа што имавме привилегија да ја имаме на било кој начин во животот....енергијата(душата) никогаш не се губи ...само го променува обликот.

А ти денес како човечко битие кога освести дека сепак постое една разделба која се нарекува смрт....потсети се на кого денес не си му кажал /јавил дека многу го сакаш/многу ти значи ...?

За еден ден да не се каеш ....

биди храбар и освести ја "можноста " за физичка загуба ....па јави се на некого што навистина го сакаш или ти значи но не наоѓаш време во секојдневниот чаробен круг....

Со свесност пресечи го ...оти еден ден ќе е предоцна .

И јас можев можеби многу повеќе ....сите ќе можеме секогаш многу повеќе....затоа се овие транзитни периоди каде преку болка ни ја прошируваат сликата ....

Можам уште многу да пишувам но ....

Јоана....ти благодарам на привилегијата да сум твоја Мајка 14 години ....патувај слободно кон светлината