Јордан Митев, кралот на македонската народна музика има повод за славење:„ Господ секогаш нека биде со тебе“

Добивај вести на Viber

Пејачот на народна музика, Јордан Митев важи за Кралот на македонската народна песна. 

Во домот на пејачот има голем повод за славење, неговата наследничка, Кристина наполни 1 годинка.

Убавата вест за роденденот гордиот татко, Јордан ја сподели на социјалните мрежи: 

„Среќен 1ви роденден ќерко! Биди ни жива и здрава, Господ секогаш нека биде со тебе, нека те чува, нека те води и нека те дарува со сите убавини на овој свет!“


Неговите песни се слушаат насекаде и во секоја пригода. Тој пее феноменално, но исто така и свири на неколку инструменти. Го сакаат сите генерации, а најбаран е кај нашите иселеници, неговата народна песна и почитување на македонската традиција е мелем за нивната носталгија кон својата татковина.


Фото: Фејсбук/Женски магазин - архива