Јордан Митев со емотивна изведба во „Никогаш не е доцна“ - Пејачот сподели среќна вест: „Станав татко“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Македонскиот фолк-пејач, Јордан Митев беше гостин во популарното регионално шоу „Никогаш не е доцна“. Неговото присуство во студиото на Гранд привлече големо внимание, особено поради гласините дека е внук на поранешната натпреварувачка во ова шоу, Добрила Чабриќ.

Меѓутоа, Јордан во ексклузивното интервју за Гранд откри дека тоа било само шега.

„Добрила не ми е баба, но добро ја познавам, фантастична е и како човек и како пејачка. Но, навистина, тоа беше само шега, всушност мојот град е блиску до Дорјан каде што таа живее“,рече Митев.


Митев го отвори шоуто со неговата популарна песна „Наздрави за љубов“ свирејќи на клавир. Публиката не го штедеше апаузот за македонскиот изведувач кој беше дел од жирито во популарната шоу програма.

Јордан Митев откри како ја добил поканата за „Никогаш не е доцна“. Пејачот истакна дека бил одлично пречекан во студиото на Гранд и открилкако бил повикан да биде дел од жирито на популарното натпреварување.

- Халид Муслимовиќ пред неколку дена ја сними мојата песна „Сите на нозе“, која ја имам десетина години. Разговаравме за песната, но јас бев сконцентриран само на македонската публика и музика, но Халид ми рече дека не е лошо малку да ги поминам границите. Ми кажа дека би сакал да бидам во жирито на „Никогаш не е доцна“ и тоа се случи - објасни Јордан и откри кои српски пејачи се најпопуларни во Македонија.

- Ги има многу, не ми е лесно да го кажам тоа. За Александра Пријовиќ се пишува многу, таа е многу популарна. Тука се секако Саша Матиќ, Ацо Пејовиќ, а од Македонија Јордан Митев! Мала шега - рече со насмевка.

Иако првпат беше во улога на жирито на шоуто на Жика, Јордан посочи дека не се двоуми да пушти солза пред камерите доколку некоја песна или животна приказна на натпреварувач го допре неговото срце.

Со оглед на тоа дека настапува низ регионот, пејачот се потсетил на необичната сцена што неодамна ја доживеал на австралиската турнеја.

- Ќерка ми се роди пред четири месеци, токму кога бев на австралиската турнеја. Мојата сопруга беше со мене и нашата ќерка се роди таму. Бев многу среќен и го споделив тоа со мојата публика. Некако публиката славеше со мене. Инаку, тоа ми е прво дете и мислам дека сум добар татко– открил за Гранд.

Фото: Grand.nova.rs
Извор: Grand.nova.rs