Јосипа Лисац без влакна на јазикот го коментира успехот на Александра Пријовиќ: Зборовите овде звучат глупаво

Добивај вести на Viber

Концертите на Александра Пријовиќ во регионот привлекуваат големо внимание, не само од публиката која ја опсипува со комплименти, туку и од јавните личности кои во голема мера ја поддржуваат.

Посебен интерес предизвикаа настапите на Пријовиќ во Загреб, уште пред да се одржат.

Како сензација беше дочекано тоа што успеа да распродаде дури пет концерти. Имаше изјави од познати личности дека „не слушнале ниту една песна на Александра Пријовиќ“, но многумина излегоа во нејзина одбрана.

Сега Јосипа Лисац ги коментираше концертите на Александра Пријовиќ.

„Зошто да немаме свој избор?“, одговори таа на новинарско прашање за гостувањето на Пријовиќ во Хрватска.

„И јас имам полни и распродадени концерти и други имаат полни и распродадени концерти, тука нема љубомора. Не сакам да кажам ништо против тоа“, нагласи музичката дива, а потоа продолжи во свој стил:

„Особено ако сè уште има луѓе кои платиле билети, тоа е фантастично. Затоа што знам за некои концерти на кои се подарувале половина од билетите“, рече таа.

„Дали има правда? – Не знам. Но ако си подготвен за концерт и можеш д аго распродадеш, тоа е феноменално! – Тука нема збор“, објаснила Јоспиа.

„Зборовите овде звучат глупаво. Кога ќе се направи репортажа од концертот, тоа покажува се“, додава пејачката.

Фото: Инстаграм