„Ју вон а пис оф ми“: Американскиот сон на Јована Јеремиќ се „заканува“ да стане кошмар кога ќе го слушнете нејзиниот англиски

Добивај вести на Viber

Јована Јеремиќ, водителка на Пинк телевизија, во ноември ќе отпатува за САД да ги следи тамошните избори, а како одговор на таа задача покажа како зборува англиски.



Доналд Трамп или Камала Харис - ќе дознаеме на 5 ноември за кога се закажани претседателските избори во САД. Верувале или не, Јована Јеремиќ ќе известува од таа земја за Србија.

„Заедно со уште еден колега од редакцијата, летам за Њујорк на 3 ноември. Ќе посетам некои други градови, Вашингтон сигурно, ќе има многу интервјуа, очекувајте го неочекуваното! Ќе бидат мега светски вести, кој знае, можеби ќе се појавам и во некои американски медиуми“, истакна водителката.

„Жељко рече, прво ја правиш утринската програма, па леташ за Њујорк. Така ќе биде. Тоа ќе биде голем предизвик за мене и голем плус за мојата кариера. Нема да спијам сигурно, уште сега срцето ми чука силно“, возбудено изјави Јована Јеремиќ во живо за време на утринската програма.

И додека продолжуваат подготовките за оваа напорна задача, Јеремиќ сними специјална објава за нејзиниот иден ангажман:

Во коментарите може да се прочита дека луѓето навистина не се убедени дека водителката целосно го совладала англискиот јазик, особено на нивото потребно за интервјуа, но проценете сами...


Фото:Инстаграм