Јубилејни 10 години: Љубовната приказна на Сашко Коцев и Смиљана- jавно запросување, хармоничен брак и преслатка ќерка

Добивај вести на Viber

Фото: В.Тануровски

Актерот Сашко Коцев и неговата сопруга денес слават јубилејна годишнина од брак. Актерот на социјалните мрежи се пофали дека на денешен ден пред 10 години се оженил со убавата Смиљана. Коцев до фотографијата напиша: „10-ка“.

Нивната хармонична љубовна приказна започна пред повеќе околу 10 години на „Златна бубамара на популарноста“, кога Сашко Коцев клекна на колена во Универзална пред неговата долгогодишна девојка Смиљана. Во улога на Аладин пеејќи ја песната „A whole new world“ во дует со Каролина Гочева ја запроси саканата пред неколку илјадна публика.


Коцев и неговата сопруга Смиљана, се родители на едно дете, девојче Јоана, која ја добија во октомври во 2017 година.  Актерот тогаш славеше до рано наутро со своите пријатели во еден скопски ресторан.


Сашко Коцев во интервјуто за Женски магазин откри колку таткото на Зоки е сличен со таткото на Јоана, неговата двегодишна ќерка, што правеше во периодот на изолација, и што најмногу му недостасува од „нормалното живеење“.