КАДЕ ДА РАБОТИТЕ АКО САКАТЕ СТРАНСКА ПЕНЗИЈА? Еве колкави пензии земаат во Германија, Австрија и Шведска
За остварување на правото на пензија во најголемата и економски најмоќна земја на Европската Унија, доволно е само пет години работен стаж.
Во Хрватска, каде просечната пензија годинава достигна 513 евра, за среќници може да се сметаат оние кои имаат завршено барем дел од својот работен стаж во богата западна земја и таму примаат пензија.
Најмногу пензии од странство за пензионерите во Хрватска доаѓаат од Германија (околу 83 илјади), потоа Босна и Херцеговина (37 и пол илјади), Словенија (близу 30 илјади), Австрија (околу 15 илјади), Србија (12 и половина илјади) и на Швајцарија (7 и пол илјади). Многу луѓе успеваат да ги „здебелат“ своите домашни пензии со пензиите заработени со работа во богатите земји, а можеби најживописниот таков пример беше споменат пред неколку години во тамошните медиуми со приказната за пензионер од Ораховица, кој цели 30 години стажот во Хрватска добил иста пензија како и за три години работа во Германија, се вели N1.
Целата вест прочитајте ја на Фактор.