„Кафе почнав да пијам на 30, кај и да е на 50 треба да запалам прва цигара, а овие 41 на тортава?!Мои се“: Снеже Велков прослави роденден

Добивај вести на Viber

Една од најпознатите и најзабавни водителки Снеже Велков викендов имаше повод за славење. Ѝ беше роденден. Таа наполни 41 година.

„Јас сум ви од тие Никад није касно

Она што младите го минуваат многу парано, јас малку покасно го растев и развивав.

Кафе почнав да пијам на 30 годин
Прв пат ставив прамени на 32
Станав инструктор по пилатес на 33
Точак интензивно почнав да возам на 38
Јаже научив да скокам на 39.
Јога прв пат вежбам на 40.
Стој на раце  направив прв пат на 40 и кусур  исто и мост.

Што знам може се детски фрустрации може се немало време или се имало страв...

Касно почнав да ги читам тоа мотивационите книги..
За емисија за која мечтаев едно 20 години ја имам сега.На 40 и кусур.

Кај и да е на 50 треба да запалам прва цигара
А на 60 да пробам џоинт
На 70 најверојатно ќе треба да се пропијам.
Ако сум подвижна накај 75 планирам Ластик  да научам да играм.Оти тапа бев ко мала.
На 80 редно е месо да пројадам.

За тоа што не сум пораснала во висина нема да збориме.Ќе си купам нови штикли и тоа е се.

А овие 41 на тортава?!Мои се.
Од денеска.

Ете така
И да не ве слушнам да ми зборувате  за тоа како сте закасниле за некои работи“, напиша харизматичната водителка Снеже Велков на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)



Овој пост се однесува за нејзиниот 41 роденден кој го прослави вчера.


Снеже ги дувна свеќичките на бела торта украсена со црвени срциња.


Снеже, ти посакуваме да славиш уште многу родендени! 


ФОТО: Инстаграм Снеже Велков