Како актерка во мјузикл од Бродвеј: Водителката Милена Антовска го одзема здивот

Добивај вести на Viber

Ја сакаат од најмали до најголеми, има прекрасна става, мило лице и глас кој веднаш освојува. 

Ја познаваме од утринската програма на Канал 5 телевизија, со години е дел од тимот кој секое утро ги забавува граѓаните. Низ годините таа полека но сигурно стана една од омилените водителки кај македонската нација. 

Под секоја нејзина објава на социјалните мрежи секогаш добива само позитивни коментари од сите, а овој пат водителката сподели фотографии на кои изгледа како да глуми во мјузикл. 

Како вистинска дама од Бродвеј, Милена носи бордо црвен фустан со длабоко деколте и шлиц, со отворен грб кој е пропрскан со светки. Црни долги ракавици и нежни сандали со високи потпетици. 

Целиот изглед присетува на актерките кои излегуваат на сцената на Бродвеј... Одличен избор за свеченоста на која присуствувала водителката во Сардинија.



Фото: Инстаграм