Aко ги ставите патиките во машина за перење или ги перете рачно, белата гума може да пожолти или на неа да останат траги.
За да го вратите сјајот на белите патики и белата гума на патиките потребно ви е сода бикарбона, вода и малку оцет.
Прво помешајте ги водата и оцетот во ист размер, а потоа додадете сода бикарбона додека не добиете густа смеса.
Нанесете ја смесата на гумата и исчистете ја со четкичка. Кога ќе завршите, потопете ги патиките во топла вода, потоа исплакнете ги и оставете ги да се сушат на топол воздух, но не директно изложени на сонце.