Како да го поттикнете учењето кај вашето дете?
Речиси и да нема родител кој не се соочил со потешкотии при исхраната на своето дете и постојано се трага по креативни и инвентивни начини како да се внесе некоја хранлива состојка. Притоа многу успешно се заобиколува и избегнува благата храна толку примамлива за децата, а најмногу од сѐ чоколадното млеко, најголемото слатко задоволство. Децата имаат постојана потреба од внесување благо, што не е само заради примамливиот вкус.
Сосема неосновано и неоправдано, улогата на чоколадното млеко е занемарена. Овој чоколаден пијалак е вистинско уживање за децата, а притоа не помалку од другата здрава храна го снабдува организмот со многу потребни и корисни состојки, почнувајќи од протеини, витамини, минералот калциум кои доаѓаат од млекото и од какаото, како дополнителна хранлива состојка со повеќе предности.
Имено, какаото, главната состојка на чоколадото и со тоа и на чоколадното млеко, е корисно за мозокот и ја поттикнува работата на мозокот. Случајно или не, земјите каде потрошувачката на чоколадо е најголема, имаат најмногу добитници на Нобелова награда. Ова како студијата е објавена во New England Journal of Medicine од 2012 година.
Одредени соединенија во чоколадото, наречени какао флаваноли, неодамна се поврзани со подобрување на когнитивните функции и вештините за размислување.
Така, чаша чоколадно млеко наутро пред часови или на пладне, може да биде вистинска храна за активирање на мозочните функции. Нутритивната и здравствената функција на чоколадното млеко може да биде дополнително поттикната со збогатениот состав на млекото со витамини, како што е Битолско чоколадно млеко збогатено со 10 витамини. Ова чоколадно млеко содржи седум витамини од оваа групата Б кои се докажано неопходни за повеќе метаболички процеси, меѓу кои и развивање на мозочни клетки, и тоа Б1, Б3, Б5, Б7, Б6, Б9 и Б12. Покрај овие витамини, во Битолското чоколадното млеко присутни се и витамин А, кој се грижи за очите, нешто што е и тоа како потребно поради долгото време поминато пред екраните и витамин Д3 кој се грижи за здрави коски и заби.
Што се однесува до нутритивната вредност на ова млеко, која најчесто предизвикува загриженост, 100 грама чоколадното млеко содржи 1% млечна маст, 3,3 грама протеини и 58 калории. Вистински избор за менталното и физичкото здравје на детето и воедно нешто на кое речиси ниедно дете не се противи.
* ПР - објава