Како да не се породила пред 2 дена: Софија Мило покажа совршена линија по доаѓањето на вториот син

Софија Милошевиќ сподели фотографија од болница.

Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ го добија вториот син, а манекенката се породи во неделата доцна навечер во Мадрид.

Откако ја направи првата фотографија од породилиште на Инстаграм каде позира со малиот Теодор, манекенката сподели „селфи“ од тоалетот, а со својот изглед ги изненади сите.

Таа позираше во шорц и топ, а никој не можеше да го тргне погледот од нејзиниот рамен стомак. Нема сомнеж дека Софија и овојпат брзо ќе си ја врати линијата, а под фотографијата и се заблагодари на мајка си.

„Ти благодарам, мамо“, напиша таа.


Фото: Инстаграм - Софија Мило

Одлично изненадување: Софи Мило изнајми кино сала за роденденот на партнерот (ВИДЕО)