Како да носите карирани панталони на стилски и шик начин оваа сезона: Модерни се, и треба да ги имате
Ако сакате да внесете забава во вашата гардероба, карираните панталони се совршено парче за вас.
Можеби облеката со животински принт не ви е омилена, но затоа обидете се да им дадете шанса на карираните. Да, стариот добар класичен кариран принт е еден од најголемите трендови оваа сезона. Пробајте го на панталони и комбинирајте го со монохроматски парчиња или дури и со шарени комбинации ако се осмелувате.
Не дозволувајте овој принт да ве плаши, бидејќи зборуваме за еден од безвременските дизајни кои се вклопуваат во најкласичните комплети. Доколку сакате нешто помодерно, тогаш изберете панталони во светли бои или надополнете ги со максималистички модни додатоци. Ги баравме и ги најдовме најстилските карирани панталони кои ќе ви ја дадат инспирацијата што ви е потребна оваа есен за да креирате сопствена стилска облека.
Погледнете ги предлозите во фотогалеријата.
ФОТО: instagram/keziacook/