Како да си го смениш денот на подобро во новите реклами на New Moment
Замени го понеделник во петок, седни на машки муабет и разиграј си го денот. Овие пораки се во фокусот на трите нови реклами за кафето „Паскалин“ кои ги изработи маркетинг агенцијата New Moment – New Ideas Company. Во сите три видеа се појавуваат реномираните македонски актери Никола Ристановски и Амернис Нокшиќи – Јовановска и целта е да се истакне ќеифот кој го носи секој филџан турско кафе.
- Кафето е голем дел од нашето секојдневие, од утрински ритуал и начин на будење до „ај да се видиме на кафе“ со пријателите. Сакавме да го свртиме рефлекторот кон тие наши карактеристики и да прикажеме како кафето може да ти го смени денот. Да направи да се чувствуваш подобро и да се релаксираш – објаснува креативниот тим во New Moment која е идејата зад серијата реклами.
New Moment е најнаградувана маркетинг компанија во земјава и има добиено Титаниумски лав за интегрирана кампања и сребрен лав за ПР на Канскиот фестивал кој во маркетинг индустријата е еквивалент на Оскар.