Како денес изгледа Марибел од серијата „Руби“: Роди близнаци, едно дете ѝ почина, а среќата ја најде покрај бизнисмен
Многумина се прашуваат како денес изгледа Марибел од серијата „Руби“, а оваа актерка старее како виното.
Мексиканската актерка Жаклин Бракамонтес остана запаметена по улогата на Марибел во популарната серија „Руби“. Таа и тогаш ги засени сите со својата убавина, а актерката и денес може да се пофали со својот одличен изглед.
Иако улогата на Марибел ѝ отвори многу врати на Жаклин и таа почна да добива голем број улоги, нејзиниот приватен живот не беше нималку лесен.
Само неколку години пред да се здобие со популарност во серијата, таа се пријави на изборот за Мис Мексико, каде што победи. Меѓутоа, тоа ѝ го нарушило здравјето, бидејќи се изгладнувала за да биде што е можно послаба.
Со помош на најблиските успеала да ја надмине анорексијата, што воопшто не било лесно.
Љубовниот живот
Жаклин долго време се забавуваше со колегата Валентино Ланус, во еден момент се верија, а потоа наеднаш раскинаа. Актерката еднаш призна дека раскинувањето „целосно ја уништило“, но со него останала во добри односи, па после играле дури и во една серија.
Вилијам Леви, човек кој домашната публика, особено женската публика многу добро го познава, беше еден од оние со кои се поврзуваше Жаклин.
Бидејќи се знаеше дека Вилијам ја изневерувал сопругата, медиумите почнале да го поврзуваат со сите колеги со кои соработувал, вклучувајќи ја и Жаклин, но и двајцата негирале дека има нешто меѓу нив.
Иако имала љубовни неуспеси, Жаклин среќата ја нашла со бизнисменот Мартин Фуентес, а денес со него има пет деца.
Меѓутоа, во еден момент нивниот живот го потресе голема трагедија кога нивното бебе почина.
Имено, актерката носела близнаци, а при породувањето едно од бебињата починало поради компликации. Таа потоа родила девојче кое го добило името по нејзината мајка - Жаклин, додека момчето Мартин починало. По ова тие ја добија ќерката Каролина, па Рената, а потоа актерката ги роди близнаците Емилија и Паул .
Ништо не се смени
Она што многумина го коментираат е дека Жаклин ништо не сменила во последните 20 години и дека изгледа уште подобро отколку што многумина би очекувале.
Покрај актерската работа, таа е многу посветена на семејството, па на нејзиниот Инстаграм профил често можеме да видиме објави со нејзините деца и сопругот.
ФОТО: Инстаграм