Како ни е навистина нам жените во триесеттите кои немаме кариера, сопруг и деца: Искрената приказна на Лидија

Добивај вести на Viber

Не е ист животот на жените денес, како што бил некогаш. Порано жените до триесет години имаа сопруг, деца, стабилна работа, добра плата, ако воопшто работеа. Сето тоа се смени.

Денеска има сè повеќе слободни жени во триесеттите години, без разлика дали се работи за нивен избор или комбинација од животни околности. На оваа тема отворено зборува Лидија Немирова. Таа има 30 години, не е мажена, нема деца, а искрено раскажува како им е на жените кои се во нејзината ситуација.

„Имам триесет години. Луѓето мислат дека ова се години кога веќе треба да имам маж и деца. Или барем да имам добра работа и кариера. Општо е и мислењето дека дури и здравјето на жената во триесеттите веќе не е толку добро и дека не може да се живее во потполност. Одговорно тврдам дека не е така. Годините не се важни ако мажот сака да ужива. Еве како се снајдов со наметнатото мислење на општеството.

30-ти роденден - Една вечера ми остана во сеќавање, кога запознав психолог. Тој беше најстар таму. Тогаш и јас самата доживеав да бидам најстара на повеќето општествени собири. Затоа плачев на мојот 30-ти роденден, бев ужасно депресивна.

Се чувствував како губитник. Слободна, без деца, без кариера, а биолошкиот часовник отчукуваше. Поминав три дена плачејќи за мојата судбина. Не сакав ни да го прославам мојот роденден. Моите пријатели веќе беа во брак и имаа деца. Честопати се соочував со прашања за тоа кога ќе се омажам.

Сите мислеа дека ми е време. Имаше и такви кои велеа дека не се брзам, а бракот не е ништо посебно. Многу од моите пријатели и познаници веќе имаа воспоставено кариери. И пред триесет. Некои имаа успешни приватни бизниси, и колку што бев искрено среќна за нив, размислував зошто не можам да го правам истото како нив. Сè уште не знаев што сакам од животот. Ништо не сум постигнала.

Одење на лекар - На 31 година првпат отидов на систематски преглед. Ја добив најлошата можна дијагноза, рак на тироидната жлезда. Позитивната работа е што е откриено на време, па може да се излечи. Навистина се исплашив - ми истекува времето, остарев. Познато е дека ракот произлегува од стресот, тоа значи дека јас самата си ја предизвикав болеста. Депресијата и стресот ме одведоа до болнички кревет.

Кога заврши операцијата, размислував колку сум се оптоварила со брак, породување и кариера. Решив да престанам да се споредувам со другите и се чувствував подобро. Не велам дека мојот живот веднаш се среди. Не, но сфатив дека она што другите го сакаат за мене не се мои желби. Бракот не е мерило за среќа и успех. Ниту кариера. Сигурно не сум кариерист и тоа сигурно не би ме исполнило. И моите години не се страшни.

Уште повеќе, да се омажев и да имав деца, немаше да можам да патувам таму каде што патував, да отидам кај другарка среде ноќ на чаша вино и муабет ако ми се разговара. Не би можела така лесно да се откажам од работа од која не сум задоволна. Не се омажив рано и затоа ми е мило.

Пред неколку години го запознав човекот на мојот живот со кој уживам најмногу и не ми е грижа што ќе се случи утре. Јас живеам по мои правила. Да можам, никогаш не би се вратила во моите дваесетти. Моите триесетти ми донесоа сѐ што ме исполнува. Немањето деца на оваа возраст не е најлошото нешто на светот.

Не си стари во триесеттите, нема да ти се појават брчки, слухот сепак ќе ти биде добар, а градите нема да ти виснат. Никој не може и не треба да го наметнува своето мислење никому, ниту на пријателите ниту на семејството. Сите треба да го живееме животот онака како што мислиме дека е најдобро за нас, и на начин што не прави среќни“, рече Лидија.


foto: freepik

izvor: svezazenu