Како во тинејџерските години: Тања и Новица заљубени среде Мелбурн

Добивај вести на Viber

Познатиот музички пар од фолк сцената, Татјана и Новица идиот месец ќе слават 21 години брак.

Дека сè уште ја негуваат љубовта, и имаат почит еден кон друг покажуваат и фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи, но оваа е посебна.

Тања објави Инстаграм приказна, на која со Новица заедно лижат сладолед додека во позадина среде Мелбурн има огномет. Парот изгледа заљубено како во тинејџерските години.

Двојката неколку години живее и работи во Австралија, заедно со нивните синови Петар и Стефан.

Тања и Новица постојано се домаќини на македонските музичари кои одат на турнеја во оваа земја, и скоро секогаш дружбите завршуваат со добра забава.

Фото: Инстаграм