Прекарот на српскиот пејач Здравко Чолиќ денес е Чола, но тој не бил Чола од секогаш.
Во 1974 година склучил договор со компанијата „Варнер Брос рекордс“ и снимил неколку синглови за германскиот пазар. На тој германски пазар, за своите фанови од Германија и Австрија, Здравко бил Дравцо.
Мини албумот “Madre Mia (Meine Mutter)” или „Мајко моја“ имал три песни “Madre Mira”, “Rock’n Roll Himmel” и “Alles was Ich Hab”.
Многу малку се знае за овој пробив на мистериозниот Дравцо на европската сцена, зашто во 1977 година завладеал со југословенската музичка сцена со албумот “Ako priđeš bliže”.