Каква баба, таква внука: Вера Јанковиќ за Уна – „Ѕвездата е родена“

Познатата водителка и ди-џејка Вера Јанковиќ на социјалните мрежи објави видео со нејзината внука додека игра на позната ретро песна.

„Каква баба, таква внука. Ѕведата е родена. Уна“, напиша Вера во објаснувањето под видеото.

Малата Уна се движи во ритамот на песната „Pump Up The Jam“.

Минатата година Вера сподели фотографии дека ја омажила нејзината внука од сестра, а таа горда тетка.

„Миа ја омаживме. Горда тетка и мајка. Јас и мојата сестра“  - напиша Вера во една од фотографиите на која позира покрај сестра си.

Фото: Инстаграм