„Каква енергија, срам ми е, го гледам видеото низ прсти“: Милица Павловиќ објави сензуално видео со згодниот српски актер Милош Тимотијевиќ
Милица Павловиќ е една од најпопуларните и моментално најбарана српска пејачка.
Издава хит по хит, ги полни концертните сали, а не е тајна дека се испроба и во актерството.
Имено, нејзините обожаватели имаа можност да ја гледаат како Ивана во серијата „Пејачка/Певачица“ во која таа го дели најголемиот дел од кадарот со Милош Тимотијевиќ со кој имаа одлична енергија на сетот.
Тимотијевиќ призна дека таа е многу добра во глумата.
-Можам само да се заблагодарам на Милица, таа е прекрасна личност, вредна, брилијантна, духовита, има исклучителна дарба за глума. Како што минуваа деновите, сите бевме шокирани од тоа колку напредуваше и колку беше одлична – изјави тој.
Двајцата набрзо станаа омилена актерска двојка, а кога популарноста на серијата „Пејачка“ беше на врвот, заедно позираа за бројни српски магазини.
Бидејќи крајот на годината често служи за сумирање на впечатоците, актерката на социјалните мрежи се осврна на работата со популарниот актер и објави видео од едно снимање.
- Каква енергија е кога јас и Милош Тимотијевиќ сме на снимање. Го гледам овој клип низ прсти, колку ми е срам - напиша Милица под видеото.
Фановите беа воодушевени, па следеа многу позитивни коментари.
извор:GLOSSY