Каква трансформација: Се појави како буцка во музичко натпреварување, а денес е вистинска бомба! (ФОТО)
Колку се променила, дури е непрепознатлива
Имавме можност да ја запознаеме уште во првата сезона на натпреварот „Prvi glas Srbije“, но сериозна пејачка кариера почна да гради дури неодамна.
Тоа е Марија Микиќ, некогаш буцкаста девојка, уште тогаш го маѓепса жирито со својот глас и шарм и стигна до самото финале на натпреварот.
По финалето пееше главно во клубови и сплавови, а својата прва песна „Рано“ ја отпеа шест години по натпеварувањето и почна да гради соло кариера.
Посебно е интересно колку Марија физички се промени во овој период и стана вистинска заносна убавица. Таа видно ослабна и го промени својот моден стил.
Денеска Марија покрај пејачката кариера, гради и семеен живот со партнерот Јован Пантиќ, со кого ја доби ќерката Ѓурѓа и е повторно бремена и носи машко дете.