Калиопи Букле за последен се прости од Масимо: Нејзината порака во книгата на жалоста ќе ви го скрши срцето (ФОТО)
Откако на 23 декември како бомба одекна веста дека познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ почина, неговите колеги не престанаа да се потсетуваат на моментите поминати со него.
Денес, во Хрватскиот народен театар во Загреб се одржа и комеморацијата, каде бројни негови пријатели и колеги се простија од легендарниот уметник.
Во книгата на жалоста, во која своите последни пораки до Масимо ги напишаа неговите колеги, пријали, семејство, а помеѓу нив беше запишана и пораката која ја испрати и нашата позната пејачка Калиопи Букле. Имено, како што таа откри на Фејсбук, нејзини блиски пријатели ја запишале нејзината порака во книгата на жалоста.
„Масимо... Моето последно збогум додека патуваш во светот каде што нема болка, нема тага и акде уметноста живее преку сите вас скапоцени уметници кои го напуштивте овој свет... Твојот траг од минатото е бескраен траг... Благодарение на моите пријатели, мојата порака пристигна во Загреб... Им благодарам многу“ - напиша Калиопи, покрај фотографиите направени за време на комеморацијата.
фото: Принтскрин / Фејсбук