Калиопи: „Никогаш не сакав да го оставам, ниту покрај друг да се будам, но животот...“
„Никогаш не сакав да те оставам, ниту покрај друг да се
разбудам, и ако некогаш животот не врти во круг, ти си ми среќа, ти си ми пријател...“
со овие зборови започнува новата песна „Знам“ на Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ.
Овој дует воедно е и круна на
нивното повеќедецениското пријателство, кое по долго време конечно стана
реалност.
Пејачката неодамна за медиумите изјави дека оваа песна и буди посебни емоции а често знае и да заплаче кога ја слуша.
Она што е интересно е дека оваа композиција е изненадување за Калиопи од нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, кој се потпишува како комплетен автор.
Најверојатно се работи за автобиографска песна во чиј текст Ромео го опишува животот со Калиопи, па не е необично што овие зборови, како што вели и самата, знаат да ја расплачат уште од првиот момент кога ја слушала.
Инаку, Ромео и Калиопи беа долги години во брак од кој го имаат синот Пако кој живе во Швајцарија. Ромео е автор на повеќето хитови од албумот „Обои ме“ на Калиопи. Како тандем повторно се соединија во 2012 година, кога Ромео беше дел од авторскиот тим на евровизискиот хит „Црно и бело“. Тој е автор на музиката и на аранжманот на песната „Дона“, со која Калиопи беше на Евросонг во Шведска во 2016 година како и на песните од албумот „Мелем“.