Калиопи во посета на естетски хирург: Дали дивата се подмладува?
За еден од најдобрите вокали во земјава, слободно може да кажеме дека и денес на 53 години изгледа непроменето.
Калиопи стави и остава песни во трајно наследство, за сите генерации, засекогаш... А нејзината појава, без разлика дали се работи на сцена, на телевизија, меѓу луѓето, секогаш предизвикува бурни реакции.
Таква е нашата Калиопи. Мила, срдечна, непосредна, успешна, создава музика, сплотува со стиховите на песните и музиката.
Она што е евидентно денес е тоа дека дивата изгледа барем 20 години помладо. Но исто така, се гледа дека е природна, без ботокс, филери и естетски завати.
Што не значи дека можеби нема да се одлучи на таков чекор во иднина, особено кога нејзин пријател има Клиника за пласична, естетска и реконструктивна клиника во Белград, во чија посета беше Калиопи.
По посетата таа сподели фотографии на нејзиниот Инстаграм профил дека е воодушевена од клиниката. Но дали направила некој зафат, не знаеме.