Актуелно // Insta вести
Камила Коељо, Роми Стрејд, Ема Брукс се сликнаа со него: Марјан Петров во Париз во друштво на светски познати личности
- 28 Февруари, 2024
Познатиот стилист за коса и мејкап артист Марјан Петров уште еднаш изненади.
Вчера во Париз се појави на модната недела на Диор во Париз. Од таму тој со следбениците на Инстаграм сподели низа фотки на кои гледаме дека е во друштво на познати јавни личности, модни блогери и модели.
Камила Коељо, Валентина Ферањи, Ема Брукс, Роми Стрејд, Кели Рутерфорд, се само дел од познатите личности со кои, Марјан имаше чест да дружи и да се фотографира.
Струмичанецот деновиве ужива во Париз со неговото семејство.
ФОТО: Instagram printscreen Marjan Petrov oficijalen profil