Кање Вест и Бјанка ги преминаа границите: Дојдоа во Дизниленд со облека која е одвратна, но тоа не е најлошото (ФОТО)

Добивај вести на Viber


Контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори го посетија Дизниленд и беше речиси невозможно да не предизвикаат нова лавина критики поради нивниот стил или како што некои би рекле, невкусот за мода. Најголемо внимание привлече нејзиното модно издание – особено фактот што одеше боса, иако многумина забележаа необичен детал на нејзините нозе – сличен на „получорапи“ со отворени прсти.

Канје Вест бил многу „понормално“ облечен од неговата сопруга Бјанка што не е невообичаено да направи таков контраст. Нејзиното модно издание беше крајно необично –краток комбинезон и ткаенина која е само залепена на него.

„Одењето боса во Дизниленд е лудост“, „Да дојде некој од нас вака облечен во Дизниленд, ќе нè избркаат“, „Дизниленд е место за семејни собири а не за боси нозе и „полуголиот“ стајлинг не е соодветен“ , „Екстремно безобразно“, ги критикуваат на Инстаграм каде истакнуваат дека Канје Вест и Бјанка очајно бараат внимание.

Велат и дека е одвратно да се „шета низ Дизниленд без чевли“, но има и такви кои се грижат за Бјанка и велат дека може да се повреди. Го критикуваа и Вест затоа што оди во чевли, но секако не е првпат главниот „товар од критики“ да биде на грбот на Бјанка.

Многумина мислат дека тој целосно го одредува нејзиниот стил на облекување или соблекување во јавност, ова мислење го делат и нејзиното семејство и пријателите, но треба да се каже дека Бјанка претходно работеше во неговиот моден бренд на истакната позиција.

Нејзиното модно издание е слично на креациите на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан и нејзиниот бренд SKIMS. Бјанка сè повеќе почнува да личи на старата Ким и нејзиниот моден манир, а со оглед на тоа дека тие двајца се во добри односи, тоа сигурно веќе не е случајност, а претходните сличности од овој тип беа сè само не случајни.

„Необичните обувки“ на Бјанка Сенсори продолжуваат да се коментираат на Инстаграм, каде има многу луѓе кои ја поддржуваат неа и Вест.

Фото: sscreenshot