Карлеуша: Би го дала животот за мојот Душко! - „Не сум совршена, сите имаме маани, а јас најмногу“
Јелена Карлеуша и
Душко Тошиќ се најинтригантниот пар на јавната сцена. Пред извесно време
поп-дивата проговори за нивната врска, а потоа на сите им стави до знаење колку
го сака.
- Со Душко сме заедно 15 години. Веќе престанавме да славиме затоа што по 15 години некако станува нешто што не се слави. Како твојот роденден, кога ќе наполниш 40. Мислам дека, кога е Душко во прашање, тој најмногу ме сака без шминка, без додатоци што ја валкаат маицата, кошулата, лицето, навлаката за перница... Но, кога сопругот ме сака поради тоа што сум, тоа е најважно за мене, некој да ме сака навистина каква што сум. Ова што гогледате всушност не сум јас, ова е мојата работа. Јас приватно и професионално воопшто не сум иста личност – изјави тогаш Карлеуша.
- Никој не е совршен, нема совршен. Не сум совршена ниту јас. Сите ние имаме недостатоци, а јас имам најмногу. Поентата е да прифатиш некого и да сакаш со сите негови маани. Ако го барате идеалот, тешко ќе го најдете. Ако премногу филозофираш, ќе бидеш сам. Треба само да најдете рамнотежа, за добрите работи да бидат поизразени од лошите и да поработите на тоа, на комуникацијата. Понекогаш недостатоците можат да бидат многу интересни, изјави Јелена.
На прашањето да наведе една од маните кои се привлечни, таа одговори:
- Јас на пример знам да бидам многу разгалена... Мажите генерално преферираат разгалени, отколку оние кои сами ги носат сите чанти. Знам да бидам принцеза, колку и тоа да го нервира Душк, но и нему му е многу слатко и смешно. (смеа)
На прашањето за рецептот за среќен и долготраен брак, Јелена одговори:
- Кога луѓето се заедно во добро и лошо, кога сакате да го дадете животот за некого, тогаш тоа е вистинската работа. А, оној што ви се допаѓа на Инстаграм, тоа е минливо, не сакате да го дадете животот за него. Можеби ќе му дадеш нешто, но не се. (смеа) А Душко е некој за кого би го дала животот - истакна Карлеуша пред две години.
Денес, нивниот однос се уште ја интригира јавноста, тие неодамна на роденденот на ќерките беа заедно, а исто така карлеуа во негово име демантираше дека е во врска со извенсна пејачка.
Фото:Инстаграм